Луис Енрике ќе паузира една година

Тренерот на Барселона, Луис Енрике одлучи дa паузира најмалку една, откако ќе го напушти кормилото на каталонскиот тим по завршувањето на оваа сезона. Популарниот Лучо ќе оди по примерот на Пеп Гвардиола, кој направи сличен потег откако ја напушти Барса во 2012 година.

Едно е сигурно, по заминувањето од Барселона нема веднаш да заминам во нов клуб. Ќе земам една година одмор од фудбалот, бидејќи и претходно истакнав дека ангажманот во Барса е премногу исцрпувачки“ – истакна Енрике, за кого сериозен интерес искажува неговиот поранешен клуб Рома.

Шпанскиот стратег ќе ги напушти каталонците по три години, а на „Камп Ноу“ донесе шест трофеи, односно Лига на шампиони, две титули во домашното првенство, како и два трофеи од шпанскиот Куп, Каталонците со него го освоија и Светското клупско првенство.

Се вчитува...