Луис Енрике му го ветил Луис Суарез како засилување на Челси, ако дојде на местото на Конте

Англискиот првак Челси го поддржа менаџерот Антонио Конте и покрај двата последователни порази во Премиер – лигата од ривали кои дефинитивно се под нивото на тимот од „Стемфорд бриџ“, но и понатаму јавноста на Островот верува дека Италијанецот многу брзо ќе добие отказ. Како најсериозен кандидат за негов наследник се споменува Луис Енрике, поранешниот тренер на Барселона.

Британските медиуми откриваат дека преговори меѓу Роман Абрамович и Луис Енрике веќе имало и дека шпанскиот стратег ветил дека може да доведе и големо засилување во летниот преоден рок. Се работи за Луис Суарез, напаѓачот на Барселона, кој има искуство и од Премиер – лигата како член на Ливерпул.

Се вчитува...