Луис Енрике и официјално се врати на кормилото на селекцијата на Шпанија. По трагичната смрт на ќерката, тој одлучи да продолжи со животот и да му се врати на фудбалот. Повторно го презема раководењето на „црвената фурија“ и потпиша долгорочен договор до Светското првенство во Катар.
„Имав навистина тежок период и смртта кога ќе ве обземе, тогаш сфаќате дека не можете да сторитѕе ништо друго туку само да се обидете да продолжите со животот. А фудбалот е мојот живот, најмногу можам да придонесам тука и голема чест е да се биде селектор на Шпанија. Следната цел е да се обидеме да ја освоиме титулата на ЕВРО 2020, но не сме ниту главни фаворити, ниту пак конкуренцијата е слаба. Идеите остануваат исти, Шпанија е квалитетна и не треба премногу да се менува, туку само да го негува и надградува победничкиот дух“, изјави Луис Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА