Луис Хамилтон ја поминува најтешката сезона во својата 19-годишна кариера во Формула 1. По преселбата во Ферари на почетокот на 2025 година, седумкратниот светски шампион не успеа да се прилагоди на новиот болид и тим, а резултатите се далеку под очекувањата. По 22 одржани трки, Британецот сè уште нема ниту една победа, ниту една пол-позиција, а најдобар пласман му е четвртото место.
Гранприто на Лас Вегас беше уште еден тежок удар. Хамилтон се квалификуваше на последното, 20. место, а во трката успеа да се искачи до осмото место единствено благодарение на двојната дисквалификација на двајцата возачи на Мекларен.
По трката, разочарувањето на 40-годишниот Британец беше очигледно.
„Ова е ужасен резултат. Нема ништо позитивно што може да се извлече од денес. Се радувам што ќе заврши оваа сезона. Едвај ја чекам следната трка… Не, всушност не следната трка – следната сезона…“, изјави Хамилтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

