Луис Суарез еден месец „во аут“

Барселона ќе мора да се снаоѓа без помошта на Луис Суарез во следните триесет дена, по повредата што Уругваецот ја заработи во финишот од синоќешното „Ел Класико“ против Реал Мадрид.

Суарез го повреди коленото, но остана на теренот бидејќи Валверде веќе ги имаше извршено сите замени. Токму со тоа се влошила неговата состојба, па по деталните прегледи е утврдено дека станува збор за незгоден удар по кој ќе следи пауза од еден месец.

Ова значи дека Суарез ќе го пропушти стартот на сезоната и средбите со Бетис, Алавес, Еспањол и со Хетафе, но и средбите на уругвајската репрезентација против Аргентина и Парагвај.

Се вчитува...