Луис Суарез преговара со Дејвид Бекам

Луис Суарез преговарал со Дејвид Бекам околу можен трансфер во МЛС франшизата Интер Мајами. Ова е почeтна фаза на преговорите со оглед дека американскиот клуб е во можност да му понуди голема плата и бенeфиции.

Суарез добива плата од 405.000 фунти неделно во Барселона. Новиот тренер на клубот, Роналд Куман го информираше Уругваецот дека тој не е во неговите планови за иднината на тимот. Суарез повеќе би сакал да остане во Европа, но шансите да ги добие парите и условите како во Мајами во некој клуб од контиnентот е се многу помали со оглед на неговата возраст и на честите проблеми со повредите.

Во меѓувреме, поранешниот клуб на Суарез, холандскиот Ајакс објави дека тешко ќе може да го убеди напаѓачот да се врати во Холандија.

Се вчитува...