Луј ван Гал повторно седнува на клупата на Холандија?

Луј ван Гал е подготвен по четврти пат да седне на клупата на холандската репрезентација, откако остана испразнето селекторското место по заминувањето на Роналд Куман.

Според информациите на „Де Телеграф“, 74-годишниот стратег е расположен за нов камбек и смета дека е целосно подготвен за нов предизвик. Иако во 2022 година му беше дијагностициран рак на простата, здравствените проблеми сега се зад него. Холандската фудбалска федерација (КНВБ) се уште не стапила во контакт со искусниот тренер, но тој не ја исклучува можноста повторно да ја предводи националната селекција. Доколку не добие повик од татковината, Ван Гал е подготвен да разгледа и понуди од други големи репрезентации.

Ван Гал е еден од најуспешните тренери во историјата на европскиот фудбал. Во својата богата кариера ги водеше Ајакс, Барселона, АЗ Алкмар, Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед. Холандската репрезентација ја предводеше во три различни мандати на вкупно 63 натпревари, а најголемиот успех го оствари на Светското првенство во 2014 година, кога го освои третото место.

Се вчитува...