Лука Дончиќ чекори по стапките на Леброн Џејмс

Лука Дончиќ не само што знае како да му „залепи банана“ на Леброн Џејмс, младиот Словенец исто така може да се пофали и со бројки слични на оние на „кралот Џејмс“ на почетокот од својата кариера во НБА-лигата.

Поранешниот ас на Реал Мадрид во просек постигнува по 18,4 поени, 6,7 скокови и 4,9 асистенции по натпревар, придрижувајќи му се на Леброн како само втор НБА-кошаркар во историјата што во своите први 28 натпревари забележал над 500 поени, над 150 скокови и над 100 асистенции во елитното кошаркарско друштво.

Дончиќ на 19-годишна возраст може да се пофали со 514 поени, 188 скокови и 134 асистенции. Дефинитивно, почеток на една блескава НБА-приказна.

Се вчитува...