Лука Дончиќ доби нов прекар… Пол Пирс „украде“ еден и му го „подари“ на Словенецот

Лука Дончиќ го доби својот прв прекар по доаѓањето во НБА лигата, „подарок“ од легендата на Бостон, Пол Пирс кој денеска работи како ТВ аналитичар.

Во емисијата на Рејчел Николс на ЕСПН, Пирс го „украде“ прекарот од поранешната НБА ѕвезда Барон Дејвис и го пренасочи кон Дончиќ за кого смета дека повеќе му прилега.

„Неговиот прекар мора да биде „Тoo Easy“ (прелесно). Со должна почит на Барон Дејвис, но се што Лука работи на паркетот делува прелесно“ – рече Пирс и дополни:

„Неговите движења ме потсетуваат на моите. Не изгледа како да се движи брзо, но сепак….“.

Барон Дејвис беше експлозивен разигрувач кој во НБА лигата играше од 1999 до 2012 година. Двапати беше Ал-стар и двапати со најмногу украдени топки во лигата. Играше за Шаролот, Њу Орлеанс, Голден стејт и ЛА Клиперс, пред кратката епизода во Кливленд и крајот на кариерата во Њујорк никс. Се збогуваше со 16,1 поен, 6,1 асистенција и 1,8 освоена топка во просек, во кариерата.

Се вчитува...