Лука Дончиќ ги изненади Американците со потегот по поразот од Денвер

Лука Дончиќ ги изненади американските новинари со потегот по поразот од Денвер (106-107) во синоќешниот НБА натпревар.

Далас загуби добиен натпревар, а Лука остана изненадувачки без поени во последниот период од играта. Сето тоа, вклучувајќи го и поразот, очигледно добро го исфрустрираше. Затоа американските новинари по мечот останаа без изјава. Словенецот не сакаше ништо да каже, а за поразот се обвини само себе. Тоа ги изненади Американците.

Дончиќ натпреварот го заврши со 27 поени, 10 асистенции и 9 скока. Но, ниту тоа не беше доволно за триумф на Далас против расположениот Никола Јокиќ кој сам донесе победа за Денвер.

Се вчитува...