Лука Дончиќ го освои светот, има над три милиони гласови за Ол-стар викендот

Лука Дончиќ ја освои НБА лигата, но и навивачите ширум светот уште на половина од дебитантската сеозна. Тоа го покажува огромниот број гласови што младиот Словенец ги добива за Ол-стар викендот. Само Леброн Џејмс е пред него во Западната конференција, а вкупно уште само Јанис Адетокумбо има поголема бројка гласови.

Ѕвездата на Далас на третиот пресек на гласањето за викендот на „сите ѕвезди“ стигна до над три милиони гласови што е популарност каква што одамна немал ниту еден дебитант. Зад Дончиќ останаа големите ѕвезди како Стеф Кари, Кевин Дурант, Кајри Ирвинг, Ентони Дејвис.

Ол-стар викендот годинав ќе се одржи во Шарлот од 15. до 17. феверуари. Гласањето на навивачите е 50 проценти од вкупнат бројка гласови, уште по 25 проценти доаѓаат од медиумите и од играчите. Ќе бидат формирани два тима чии капитени ќе бидат кошаркарите со најголем број гласови.

 

Се вчитува...