Лука Дончиќ изеде ќотек… од судијата (видео)

Лука Дончиќ беше незапирлив за кошаркарите на ЛА клиперс, постигнувајќи 32 поени за Далас против еден од најдобрите тимови во Западната конференција. Кога веќе клиперси не можеа да го неутрализираат младиот Словенец, тоа го стори судијата, кој му даде една „воспитна“ на Дончиќ.

Целата ситуација беше случајна, но Дончиќ го извлече подебелиот крај бидејќи се наоѓаше во непосредна близина на судијата додека овој покажуваше со рацете дека акцијата е прекината пред да биде упатен шутот.

Се вчитува...