Лука Дончиќ ја предводи петорката која ја шокираше НБА

Факт е дека актуелната НБА сезона донесе сериозно освежување во имињата на теренот, посебно оние досега анонимните, кои на извонреден начин се вклопуваат во најквалитетните состави.

Веќе се издвојуваат најимпресивните приказни од оваа сезона, кошаркарите кои направија најмногу да ја подобрат својата игра и да го променат својот изглед. Американските медиуми го издвои тимот за сезоната 2019/2020 кај кој најмногу се гледа раст во играта.

Меѓу нив секако и Лука Дончиќ од Далас кој е меѓу кандидатите за МВП на сезоната. Во избраната најдобра петорка кои најмногу напредуваше се и Девонт Граам од Шарлот, Паскал Сиакам од Торонто, Брендон Инграм од Њу Орлеанс и Бам Адебајо од Мајами.

Се вчитува...