Лука Дончиќ: Кошарката е кошарка, без разлика каде се игра

Лука Дончиќ дефинитивно е откритие на годината во НБА лигата. Младиот Словенец воодушевува со своите настапи, урива рекорди и собира комплименти за своите мајсторски потези.

Многумина се пријатно изненадени од фактот дека 19-годишниот кошаркар за само неколку месеци одлично се привикна на играта во НБА.

„Се носам со притисокот на терен уште од својата 15 година. Знам што е тоа. На крај на се, играм кошарка, тоа е она што го сакам најмногу и не е важно каде се игра. Јас уживам во тоа и драго ми е што сум добар и во НБА“ – истакнува Лука Дончиќ.

Дури десет од досегашните 18 натпревари, Дончиќ ги заврши со најмалку 20 поени што е импресивно постигнување за еден 19-годишне играч во најсилната кошаркарска лига во светот. Дончиќ истакнува дека и тој е изненаден од ваквото свое издание и скромно, дел од заслугите им ги припишува на своите тимски колеги.

Имам извонредни колеги, трренери кои ме сакаат, играчи кои уживаат во тоа да играат со мене. Нема причина да не ми биде убаво во Далас“ – заклучува словенечкиот кошаркар.

Се вчитува...