Лука Дончиќ „прокрвари“ за Далас Маверикс (ФОТО)

На крилата на Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг, Далас Маверикс ја совладаа Минесота Тимбервулфс со 108-105 во првиот меч од финалето на Западот на НБА и веднаш стигнаа до брејк. Маверикс сега водат во серијата со 1-0 пред натпреварот број два во Минесота.

Дончиќ мечот го заврши со 33 поени, шест скока, осум асистенции, три украдени топки и четири загубени топки за речиси 41 минута на теренот. Она што може да биде проблем за Далас во оваа серија е повредата на коленото на Лука Дончиќ, со која се справува од стартот на плејофот.

Во еден момент во мечот се виде на преносот како Словенецот крвари од коленото, но и тоа не го спречи да ја реши Минесота.

Се вчитува...