Лука Дончиќ се повреди на тренинг

Едно од најголемите освежувања во НБА лигата сезонава, Словенецот Лука Дончиќ заработи повреда на зглобот од десната нога на денешниот тренинг на Далас.

Дончич, кој игра во извонредна форма, утринскиот тренинг го завршил по само 15 минути откако заработил повреда слична на онаа од почетокот на сезоната кога 11 дена беше надвор од паркетот пропуштајќи четири натпревари. Но, се чини дека повредата сега е посериозна.

Од клубот информираат дека подетално околу повредата ќе сооопштат по лекарските прегледи на Дончиќ. Но, се надеваат дека брзо ќе се врати на тренинзите и ќе биде подготвен и за Ол-стар мечот кој следниот месец се игра во Чикаго.

Се вчитува...