Лука Дончиќ со една реченица ја крена цела Словенија на нозе…

По освената европска шампионска титула пред две години, Лука Дончиќ одлучи да си земе малку пауза од настапите за репрезентацијата на Словенија поради НБА кариера на која и се посвети.

Па, без него и без Горан Драгиќ, Словенија не успеа да се пласира на претходното Светско првенство во Кина. Феноменалниот 20-годишен кошаркар сега најави враќање во репрезентацијата и обид со Словенија да се избори за настап на Летните олимписки игри во Токио.

„Доаѓам сигурно. Ќе играм и се надевам дека ќе се пласираме на Олимписките игри“ – порача Дончиќ, предизвикувајќи вистинско воодушевување кај Словенците.

Сите четири квалификациски турнири ќе се одржат следната година. Осум места за кошаркарскиот турнир на ЛОИ 2020 веќе се пополнети, Тоа се домаќинот Јапонија, како и Шпанија, Аргентина, Франција, Австралија, САД, Нигерија и Иран. Квалификации за ЛОИ ќе играат Ангола, Бразил, Чешка, Доминиканската република, Грција, Хрватска, Италија, Канада, Кина, Јужна Кореја, Литванија, Мексико, Нов Зеланд, Германија, Полска, Порторико, Русија, Сенегал, Словенија, Србија, Тунис, Турција, Уругвај и Венецуела.

Се вчитува...