Лука Дончиќ веќе се запиша во историјата на НБА лигата

Кошаркарите на Далас загубија синоќа на домашен терен од Сакраменто со 120-113 во НБА лигата, но по којзнае кој пат оваа сезона приказна на мечот е Лука Дончиќ.

Словенецот одигра уште една одлична партија, најефикасен меч од неговото доаѓање во НБА. Дончиќ на паркетот мина 35 минути притоа запишувајќи 28 поени, дополнети и со девет асистенции, шест скока и една украдена топка. Со овој учинок, Лука Дончиќ успеа да се запише и во историјата на НБА лигата како само шестти тинејџер кој на еден натпревар успеал да стигне до вакви бројки…

 

Се вчитува...