Европската дебитантска ѕвезда во НБА лигата сезонава и минатогодишниот дебитант на сезоната во најсилното кошаркарско натпреварување, Лука Дончиќ и Бен Симонс се највпечатливите имиња меѓу дваесетте избрани играчи за дуелот на „ѕвездите во подем“ кој ќе го отвори Ол-стар викендот. Двајцата се во тимот „Свет“. Во екипата „Америка“ место добија, Кајл Кузма, Лонзо Бол, Џејсон Тејтум.
Лука Дончиќ одлично котираше според бројот на гласови од навивачите во трката за место во Ол стар тимот, но потоа падна долу на листата кога беше објавена втората половина од гласовите, на медиумите и на играчите.
Изборот го прават помошниците тренер на НБА тимовите, а екипите имаат почесни предводници. Тимот Америка ќе го предводи Кајри Ирвинг, додека тимот Свет му припадна на Дирк Новицки.
Во овој дуел се соочуваат играчите кои дебитирале минатата и оние кои што се дебитанти оваа сезона. Официјални тренери се помошници од стручните штабови на екипите за Ол стар викендот.
Ол стар викендот ќе се одржи од 15 до 17 февруари во Шарлот. НБА лигата веќе ги објави стартните петорки, треба да бидат објавени и резервите по што двајцата капитени ќе го направат изборот на тимови.
The U.S. vs. The WORLD
Presenting the 2019 #MTNDEWICERisingStars rosters at @NBAAllStar! pic.twitter.com/fOsYRCDTjA
— NBA (@NBA) January 30, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА