Лука Дончиќ за мечевите од НБА се подготвува со песна од Тоше Проески (ФОТО)

Младиот словенчки кошаркар Лука Дончиќ полека, но сигурно со своите одлични игри ја покорува НБА лигата. Тој во новата сезона е предводник на Далас Маверикс, кој е еден од најдобрите тимови на Западот, а и големиот Леброн Џејмс по мечот против Лејкерс имаше само пофални зборови за Словенецот.

Американските медиуми открија листа на песни кои Дончиќ сака да ги слуша кога се подготвува за мечевите, меѓу кои се наоѓа и песната на најголемиот македонски пеач, Тоше Проески „Чија си“.

 

 

 

View this post on Instagram

 

the tunnel walk isn’t the same without music. luka knows. @bose #BoseHeadphones #TeamBose 🎧

A post shared by LeagueFits (@leaguefits) on

Се вчитува...