Лука Дончиќ неочекувано доби нов клуб во НБА лигата преминувајќи од Далас во Лос Анџелес Лејкерс. Словенечкиот кошаркар веќе и настапи на два натпревари за кубот од „градот на англите“, но се уште не се претстави во претпознатливото светло.
Дончиќ не беше задоволен од прикажаното на последниот натпревар на кој постигна само 16 поени со реализација 6/13 во обидите од поле.
„За’рѓав. Втор натпревар по повредата. Грешки, промашени слободни фрлања. Морам многу подобро“, самокритичен беше Словенецот кој откри дека едвај ја чека Ол-стар паузата за „да ги наполни батериите. Ми треба одмор, пред се психички“, рече Дончиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА