Лука Дончиќ одигра неверојатен меч против Бруклин, со 49 поени носејќи му ја победата на својот тим против незгодниот ривал. Словенецот беше особено расположен за шут од далечина погаѓајќи дури девет тројки, меѓу нив најважна дефинитивно онаа последната.
На триесетина секунди до крајот Далас имаше напад, гостите сторија буквално се Дончиќ да не дојде до позиција за шут, но не успеаја – Лука успеа да погоди надвор од баланс, со помош на таблата и да ги крене на нозе сите присутни во арената.
Големината е токму во тоа, да се погоди ваков шут кога е најважно за тимот…
🚨 LUKA DONCIC ARE YOU KIDDING ME? 🚨
HE HAS HIT 4 STRAIGHT CLUTCH TRIPLES TO REACH 49 POINTS.
Mavs up 3 with 12.5 seconds left: https://t.co/1wqRX7Uwkw pic.twitter.com/cK9d9Vzzsl
— NBA (@NBA) October 28, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА