Штипска Брегалница повторно се избори за место во, за новата сезона, сега скратената Прва лига на Македонија, по одличната година која ја остави зад себе во второлигашката конкуренција.
А, штипските „сини“, се чини изминатава сезона беа водени на крилјата на еден од најталентираните македонски фудбалери, младиот офанзивен креативец од средниот ред, Лука Георгиев. Извонредната сезона за Георгиев во синиот дрес и тоа како не остана и интернационално незабалежана, па 22-годишниот офанзивен фудбалер за врска е на мета на неколку скандинавски клубови, како што пренесуваат медиумите од Данска и Шведска.
Брегалница, без сомнение, посакува негово останување во тимот за прволигашкиот предизвик пред кој се наоѓаат штипјани, посебно ако се знае дека сезоната зад нас беше клучниот играч во тимот на Влатко Костов.
Лука Георгиев на патот кон враќањето на Брегалница во Првата лига, ги реши безмалку сите дерби-пресметки на штипскиот клуб. Со евро-гол го одлучи дуелот со Охрид, со асистенција пресуди за единствениот гол во победата над Скопје, а погодоците и асистенциите беа клучни за победите и над Шкендија Арачиново.

„Се работи за максимален професионалец со извонредна трк-игра и физичка подготовка, беспрекорен во играта на еден на еден, преглед на игра, луцидност и брзина за исправна одлука во секоја ситуација“ – пренесуваат Скандинавците.
Лука Георгиев, фудбалски својот развој го минува и низ академиите на неколку германски клубови, а во домашните шампионати има настапи за матичниот Осогово, но и за АП Брера пред да ги засили редовите на Брегалница минатата година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
