Лука Грчевски го потпиша првиот договор со Црвена Звезда (ФОТО)

Еден од најголемите македонски фудбалски таленти, репрезентативниот голман Лука Грчевски го потпиша својот прв стипендиски договор со белградска Црвена Звезда.

Грчевски, кој е член на младата репрезентација на Македонија до 17 години, потпиша договор кој го врзува со еден од најголемите клубови во Источна Европа.

Претседателот на Црвена Звезда, Светозар Мијаиловиќ како и директорот на младинската школа, Никола Јелиќ не го криеаја задоволството што добиваат во своите редови талент како Грчевски.

17-годишниот Лука Грчевски потекнува од школата на ФК Работнички, па преку Графичар стигна и до младинскиот погон на поранешниот европски и светски шампион.

Се вчитува...