„Лука и Кристапс се поврзаа, тоа ќе биде одлично за Далас“

Тренерот на Далас Маверикс, Рик Карлајл е презадоволен од конекцијата меѓу Лука Дончиќ и Кристапс Порзингис кои ќе бидат главни ѕвезди сезонава на тимот од Тексас.

„Двајцата се нераздвојни. Се поврзаа на многу нивоа. Доаѓаат од добри системи од Шпанија, течно го говорат јазико и поминуваат доста време разговарајќи меѓу себе токму на тој јазик. Искуството кое го имаат од младите категории ги поврзува. Нема сомневање дека ќе бидат одличен тандем на теренот, а тоа ќе биде сјајно за нас“, изјави Карлајл.

Мавси славеа со убедливи 107-70 против Оклахома во претсезонски меч во НБА лигата. Дончиќ натпреварот го заврши со 19 поени, 10 скока и 7 асистенции, а Порзингис запиша 17 поени и 13 скока.

Се вчитува...