Лука Јовиќ на крајот ќе заврши во Интер?

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ би можел наместо во Милан, професионалната кариера да ја продолжи во најголемиот ривал на „росонерите“, Интер. Услугите на српскиот фудбалер, неговиот агент, Фали Рамадани ги понудил на Интер. Тој би требало да замине на позајмица во клубот од „Џузепе Меаца“ што би било исто како неговото враќање во Ајнтрахт Франкфурт во вториот дел од минатата сезона.

Поранешниот играч на Црвена Звезда и Ајнтрахт Франкфурт досега запиша само 32 настапи за Реал Мадрид во кои постигна само два гола и запиша две асистенции.

 

 

Се вчитува...