Лука-манија – Сопственикот на Далас поради Дончиќ учи словенечки

Сопственикот на Далас Маверикс, Марк Кјубан откри дека првата ѕвезда на неговиот тим Лука Дончиќ го тера да научи словенечки. Тој изјави дека поради неверојатниот Лука тој почнал да оди на часови по словенечки и да му е тоа многу потешко од што очекувал.

„Ѓаволски е тешко“, накратко изјави Кјубан. 

Дончиќ во моментов ја санира повредата на десната нога која ја заработи на мечот против Мајами. Неговото враќање на терените се очекува да биде за десет дена.

Се вчитува...