Лука Модриќ добива нова улога во Милан?

Иако Милан беше поразен од Челси со 3-0 во претпоследниот натпревар од летната турнеја во Џакарта, настапот на Лука Модриќ повторно наиде на пофалби од италијанските медиуми.

Хрватскиот маестро го започна дуелот во почетниот состав и ги одигра планираните 45 минути организирајќи ја играта на „росонерите“, пред на полувремето да биде заменет од младиот Ардон Јашари.

И покрај убедливата победа на лондонскиот тим, угледниот весник „Газета дело Спорт“ изрази многу позитивни впечатоци за играта на Модриќ и неговото влијание на теренот:

„Тој се повлекува по топката за да ја гради играта и речиси никогаш не греши. Неговата личност доаѓа до израз и тој одлично го предводи тимот. Ја носи капитенската лента, дали тоа е најава за иднината доколку Мањан го напушти Милан?“, пишува „Газета дело спорт“. 

На тој начин, Модриќ ја подобрува формата од натпревар во натпревар и фаќа натпреварувачки ритам пред почетокот на новата сезона, во која, според предвидувањата на италијанските медиуми, неочекувано би можел да ја добие честа да ја преземе капитенската улога доколку актуелниот прв голман и лидер на тимот го напушти Милан.

Се вчитува...