Лука Модриќ останува верен на Реал Мадрид

Најдобриот хрватски фудбалер на сите времиња, Лука Модриќ го продолжи договорот со Реал Мадрид на уште една година, потврдија од клубот. Хрватот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе остане сигурно до летото 2022 година и покрај некои шпекулации кои испливаа по медиумите.

Модриќ во Мадрид стигна во 2012 година од редовите на Тотенхем. Со „кралевите“ четири пати ја освојуваше Лигата на шампионите, а во 2018 година беше избран и за најдобар фудбалер на светот.

 

Се вчитува...