Лука не му премолче ниту на Снуп Дог: Кој плаче сега ку.кин сине!? (ВИДЕО)

Словенецот Лука Дончиќ одигра извонредна партија носејќи го Далас, со нова победа над Минесота, кон големото финале во НБА лигата.

Но, очигледно Лука на синоќешниот дуел си имаше свои нерасчистени сметки и со американскиот рапер и актер, Снуп Дог на кого не му остана должен.

По неколкуте провокации кон Дончиќ од страна на Снуп Дог, откако веќе беше јасно дека Далас ќе ја однесе победата, а по извонредните свои поени, Лука не им остана должен на Американецот.

„Кој плаче сега, ку.кин сине!?“ – дофрли Дончиќ.

Снуп Дог, иако шокиран, очигледно не можеше на крај да биде воодушевен од партијата на Словенецот.

Се вчитува...