Лука Савичевиќ се врати во мак-баскетот

Големиот кошаркарски талент Лука Савичевиќ повторно ќе биде дел од мак-баскетот откако се договори за соработка со тимот на МЗТ Скопје 2. Одличниот плејмејкер беше дел од репрезентацијата до 16 години која обезбеди пласман во А-дивизијата. Тој од Вардар замина во Шпанија, а откако поради коронавирусот му пропадна опцијата за преселба на школување во САД, Савичевиќ реши да се врати назад во татковината.

МЗТ Скопје 2 и сезонава ќе стави акцент на младите домашни кошаркари, ангажирајќи го Боро Даскалоски за нов стратег од кого се очекуваат победи во прволигашка конкуренција по ланската сезона во која овој тим не забележа ниту еден триумф. Во Савичевиќ младите „штркови“ добиваат квалитетен плејмејкер, а управата веќе годонесе и Блажо Митков од Кожув како засилување за центарската позиција, додека нови договори потпишаа Стефан Митрев и Борјан Стојановски.

Савичевиќ важи за еден од најдобрите млади кошаркари во Македонија, а во овој тим сигурно ќе ја добие неопходната минутажа и слобода во играта за да ги покаже своите квалитети.

Се вчитува...