Лука се збогуваше од сезоната во НБА со уште два нови рекорди

Лука Дончиќ ја заврши втората сезона во НБА лигата со брилијантно деби во плеј-офот на најсилната светска кошаркарска лига. Словенецот, и покрај извонредните игри, не успеа да го однесе својот Далас во полуфиналето на Западната конференција.

Сепак, Дончиќ одигра плеј-оф серија за историја. Во просек на шестте натпревари против ЛА Клиперс во плеј-офот имаше 31 поен, 9,8 скока и 8,7 асистенции. Синоќа во последниот меч запиша 38 поени, притоа и на секој натпревар поставувајќи некој нов рекорд.

Словенечкиот репрезентативец стана првиот во историјата на НБА кој во првата плеј-оф серија во животот бил на просек на 30 поени, и над 8 скока и 8 асистенции. Стана и играч со шестти најдобар скокачки учинок. Пред него се само Карим Абдул-Џабар, Рик Бери, Вилт Чемберлен, Боб Мекаду и Ентони Дејвис.

Дончиќ, во првиот плеј-оф, игра многу подобро компарирано со Мајкл Џордан, Коби Брајант и Леброн Џејмс.

 

Се вчитува...