Поранешниот ракометар на Металург и Вардар и еден од најдобрите хрватски ракометари Лука Циндриќ е пред изненадувачки трансфер во романскиот шампион, Динамо Букурешт.
Романскиот клуб сезонава не доби „вајлд-карта“ за настап во Лигата на шампионите и ќе се натпреварува во Европската лига на ЕХФ, каде сака да остави одличен впечаток, па дури најавува и атак на самиот врв во ова натпреварување.
Динамo Букурешт веќе најави дека за следната сезона ќе има на располагање сериозен буџет од 3,5 милиони евра, па не би требало да има поголем проблем да му ја исплаќа истата месечна заработка на хрватскиот репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА