Хрватскиот репрезентативец во дресот на Вардар, Лука Циндриќ е меѓу петте ракометари номинирани за играч на годината во изборот на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ). Според гласовите на експертите и на селекторите, ИХФ ги објави номинациите за најдобар ракометар и ракометарка во светот за 2017 година. Номинирани се по пет играчи во двете категории.
Во машка конкуренција, покрај Циндриќ, кандидати за ракометар на годината се уште и Сандер Сагосен (Норвешка), Никола Карабатиќ (Франција), Домагој Дувњак (Хрватска) и Анди Шмид (Швајцарија).
Кај ракометарките во конкуренција се: Нора Морк (Норвешка), Стине Бредал Офтендал (Норвешка), Кристина Неагу (Романија), Изабел Гулден (Шведска) и Нике Грот (Холандија).
Во изборот на најдобрите за 2017, учествуваат и медиумите и фановите кои за номинираните може да гласаат на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА