„Лука веќе не е тука, но Далас има нова ѕвезда… Тоа сум јас“

Кошаркарот на Далас Маверикс, Ентони Дејвис, во интервју за платформата на својата франшиза зборуваше за тоа како го доживеа трејдот што ја потресе НБА и како се прилагодува на новата средина.

Дејвис неодамна беше дел од големиот трејд меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Далас Маверикс кој ја потресе НБА.

Репрезентативецот на САД се пресели во Тексас, а Лука Дончиќ беше испратен во Холивуд.

„Знам дека целиот град беше тажен затоа што Лука беше тргуван. Свесен сум и колку сум добар. Јас сум еден од 75. најдобри играчи некогаш видени. Само сакам Далас да знае дека сега јас сум тука“, изјави Дејвис. 

Се вчитува...