Лука за историја, но пораз за Далас, неуспешен и Денвер (ВИДЕО)

Лука Дончиќ стана играчот со најмногу трипл-дабл учиноци во една сезона во историјата на франшизата Далас.Го запиша десеттиот трипл-дабл ефект постигнувајќи 39 поени со 12 скока и 10 асистенции, но тоа не беше доволно за победа на неговиот тим. Далас загуби тесно со 120-123 по продолжение во драматичен и неизвесен натпревар во кој „хорнетс“ беа подобри и во завршниот период и во екстра времето. За Далас ова беше 13-ти сезонси пораз, има и 22 победи и е на шестото место ов Западната конференција. Шарлот е на деветтото место на Исток.

Во непостојана резултатска серија е и Денвер. Претрпе нов проаз, овојпат од Вашингтон со 128-114. Победничкиот тим го предводеа Ајш Смит со 32 поени и Трој Браун со дабл-дабл ефект од 25 поени  и 13 скока. Кај Далас најефикасен беше Џамал Мареј  со 39 поени. Никола Јокиќ имаше 14 поени и 10 скока. Со овој пораз Денвер останува на вторто место на Запад со биланс 24-11, идентично како и Хјустон.

НБА резултати:

Бруклин – Торонто 102-121, Орландо – Јута 96-109, Алтанта – Индијана 116-111, Кливленд – Оклахома 106-121, Чикаго – Бостон 104-111, Вашингтон – Денвер 128-114, Далас – Шарлот 120-123 (прод.), Голден Стејт – Детроит 104-111, Милвоки – Сан Антонио 127-118, Сакраменто – Њу Орлеанс 115-117.

Се вчитува...