Ромелу Лукаку до крајот на оваа седмица би требало да го облече дресот на Фенербахче по успешните преговори што турскиот гигант во изминатите 24 часа ги имаше со Наполи.
Екс-шампионот на Италија имаше само еден конкретен услов – да го испрати Лукаку со перманентен трансфер, не дозволувајќи позајмица. Фенербахче го прифати тоа нудејќи шест милиони евра, скромна сума што „наполитанците“ сепак се подготвени да ја прифатат за да го тргнат Белгиецот од буџетот за плати каде се наоѓа на самиот врв заедно со својот сонародник Де Бруине.
Белгискиот „џин“ веќе ги има договорено личните услови и се очекува наскоро да добие зелено светло и да отпатува за Истанбул, на лекарски прегледи и потпис со Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
