Лукаку го предизвикува Јувентус: Сакаме да бидеме шампиони на Италија

Ромелу Лукаку постигна 34 гола за Интер во минатата сезона, а и оваа има одличен старт со три гола на три одиграни натпревари. В сабота, Интер се соочува со Милан во големот дерби на Серија А, а Белгијецот кој имаше и одлични настапи за националниот тим во октомврискиот квалфикациски прозорец порача дека неговиот тим сезонава ќе ја реализира амбицијата  – освојување на шампионската титула.

„Сакаме да го освоиме скудетото и да бидеме шампиони на Италија“ – порача Лукаку.

Тој експресно стана миленик на навивачите на Интер и вели дека го направил вистинскиот избор со трансферот од Манчестер јуанјтед.

„Луѓето овде се топли и го сакаат фудбалот повеќе од Англичаните. Имаа страст и кога гледаат дека давате се од себе на теренот, ве почитуваат. Среќен сум што живеам во Милано, секогаш има што да се прави. И не зборувам само за шопинг иако мајка ми ми создава главоболки со тоа. Среќен сум што го направив овој избор“

 

 

Се вчитува...