Лукаку го скрши отпорот на Џенова

Интер по два натпревари пауза се врати на победнички патеки во Калчо-лигата, триумфирајќи на гостувањето против Џенова со 0-2. „Нероаѕурите“ повторно одиграа под своите можноти, но за среќа го имаа расположениот Лукаку, кој го скрши отпорот на Џенова во втрото полувреме од овој натпревар.

Бареа, кој влезе во игра на местото на индиспонираниот Ериксен, ја имаше улогата на асистент, а Лукаку најпрвин одлично се ослободи од својот чувар, за потоа со силен удар со левата нога да го матира голманот Перин. Конечните 0-2 ги постави Д’Амброзио по корнерот на Брозовиќ и асистенцијата на Ранокија.

Горан Пандев ги одигра сите 90 минути за домаќините на овој натпревар, но македонскиот капитен немаше посериозна шанса да го загрози голот на својот поранешен клуб.

Се вчитува...