Љуљ неизвесен за мечот против Италија

Еден од најискусните шпански кошаркарки Серхио Љуљ поради истегнување на зглобот на десната рака е неизвесен за мечот против Италија во втората фаза на Светското првенство во Кина.

„Во овој момент не можам да потврдам дека Љуљ ќе игра. Тој го истегна лигаментот на зглобот на десната рака, поради што има проблем да го мрда зглобот. Се надеваме дека со напори на нашите физиотерапевти тој ќе биде подготвен“, изјави Скариоло. 

Скариоло се соочува и со дополнителни проблеми, бидејќи Руди Фернандез исто така заработи повреда поради која нема да може да им помогне на соиграчите на мечот со Италија.

Се вчитува...