Љупчо Димитковски – Гањо нов тренер на Тиквеш, промовирани и пет засилувања

Второлигашот ГФК Тиквеш 1930 денеска на прес-конференција во Кавадарци ги презентираше сопствените амбиции за настапите на домашната фудбалска сцена во следната сезона.

Токму во насока за изборување на пласман во Првата лига, за нов шеф на стручниот штаб е ангажиран искусниот стратег Љупчо Димитковски – Гањо кој ќе треба да го компонира тимот кој ќе го врати Тиквеш на старите фудбалски патеки.

Беа официјално промовирани и петте нови имиња во тимот, Александар Игевски, Чаволи Адријан, Дарко Игаловски, Борче Димовски и искусниот Васко Митрев.

Како што истакна претседателот на клубот, Миле Масларков наредниот период ќе следат и нови засилувања за тимот. Првата прозивка на стартот од подготовките за новата сезона е закажана за 4. јули на Градскиот стадион во Кавадарци.

„Следната година ќе следи и реконструкцијата на Градскиот стадион. Искрено посакуваме до тогаш и резултатски Тиквеш да се издигне на нивото на кое го заслужува во македонскиот фудбал“ – рече Масларков.

Се вчитува...