Прославениот српски фудбалски стратег Љупко Петровиќ се наоѓа во тешка состојба откако претрпел два мозочни удара по сообраќајната несреќа што ја предизвика во близина на Белград во текот на вчерашниот ден.
Поранешниот тренер на Црвена Звезда се движел со автомобилот во спротивна насока, при што предизвика судир во кој за среќа нема посериозно повредени. Во моментот кога конечно бил запрен од полицијата Петровиќ тврдел дека воопшто не се сеќава на инцидентот, а според српските медиуми, потоа следело значително влошување на неговата состојба.
Тој најпрвин имал еден полесен мозочен удар, а неколку часа подоцна следел потежок удар што 76-годишниот Петровиќ едвај го преживеал. Тој во текот на ноќта не можел да зборува нормално како последица од ударот, а според информациите на српските медиуми, фудбалскиот стратег не се наоѓа во животна опасност, но му следи подолг период на рехабилитација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА