„Лутите ривали“ на мегдан… Брегалница по триумф, Тиквеш со Костов сака нова прволигашка страница

По пласманот во осминафиналето од Купот на Македонија и победата над Воска Спорт на гостувањето во Охрид, фудбалерите на Брегалница силно посакуваат и триумф во Штип против Тиквеш во денешното 7. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Желбата секако е победа како би имале приклучок кон горниот дел од табелата. Свесни сме дека ќе биде повторно еден цврст, тежок, дуел какви се сите оваа сезона во Првата лига, но знаеме и дека можеме и треба да ги освоиме трите бода. Тиквеш ќе допатува во Штип силно мотивиран за бодови, па затоа мора максимално сериозно да пристапиме на натпреварот. Ако ги исполниме сите зададени задачи од стручниот штаб, онака како што треба на терен, знам дека позитивниот резултат нема да изостане“ – вели Маневски.

Но, Тиквеш под водство на новиот тренер Влатко Костов сега дефинитивно сака нова страница на прволигашката сцена. И без сомнение, посакуваат кавадарчани најмалку непоразени да се вратат од Штип.

„Јас од прв ден се ставив на располагање на ФК Тиквеш. Секој ден сум со тимот и мислам дека подготвени ќе го дочекаме утрешниот натпревар. Може да кажам дека малку ми е криво и жал што нема да бидам на клупат да го водам тимот на утрешниот натпревар против Брегалница во Штип затоа што јас сум човек кој не сака алиби, сакам директно да си ја понесам одговорноста на терен. Поради административни причини бидејќи покасно се раскина договорот со претходниот тренер, не можеше да се заврши регистрацијата, но потенцирам дека не сакам алиби и јас од денеска ја преземам комплетната одговорност за резултатите на Тиквеш“ – вели Костов.

ПРВА ЛИГА – 7. КОЛО (денеска, 15 ч.)

Тетово: РЕНОВА – СТРУГА ТЛ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ

Штип: БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ

Скопје: ШКУПИ – БОРЕЦ

Битола: ПЕЛИСТЕР – АК. ПАНДЕВ

Скопје: СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА

Се вчитува...