Љутова испиша историја – со 16 години до ВТА трофеј

Кристина Љутова испиша тениска историја откако 16-годишната Русинка стигна до титулата во Мемфис, како најмлада тенисерка што освоила трофеј оваа деценија.

Љутова почна како квалификантка на овој турнир, успешно ги мина сите пречки и стигна до финалето, каде славеше над Видманова од Чешка со 2-1 во сетови. Поискусната противничка го доби првиот сет со 1-6, но Љутова експресно се консолидираше и возврати на вистински начин, најпрвин го доби вториот сет со 6-1, а потоа во решавачкиот триумфираше со 6-3.

Оваа победа ќе и донесе на Русинката која живее во САД огромен скок од 103 места на најновата ВТА-листа, таа беше 229. минатата седмица, а на новото рангирање веќе се наоѓа на 126. позиција.

Љутова стана првата 16-годишна тенисерка со ВТА-трофеј по Коко Гоф во Линц во 2019 (Американката тогаш исто така имаше 16 години).

Исто така, Љутова е прва тенисерка по 2023 година што освоила некој турнир на својот дебитантски настап откако тоа и успеа на Марија Тимофеева во Будимпешта.

Се вчитува...