Францускиот кошаркар Тимоти Луваву-Кабаро потпиша за Реал, соопшти шпанскиот клуб. Како што беше објавено, досегашниот играч на Басконија потпиша договор со раководството на Реал до јуни 2028 година.
Пред Басконија, Луваву-Кабаро (31) настапуваше, меѓу другите и за Мега, Асвел и Олимпија Милано. Французинот зад себе ја има најдобрата сезона во професионалната кариера во дресот на Басконија, во текот на која се етаблираше како еден од најдобрите крилни играчи во Евролигата.
Минатата сезона, Луваву-Кабаро имаше просек од 18,3 поени, 3,4 скока и 1,9 асистенции за 25 минути игра по натпревар, притоа бележејќи одлични проценти на шут 55 отсто за два поена, 41 отсто за три и дури 90 отсто од линијата за слободни фрлања.
💪 Timothé Luwawu-Cabarrot pic.twitter.com/IKfoIXowDI
— Real Madrid Basket (@RMBaloncesto) July 17, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
