Лузер на годината: Рангник извиси во Милан, па доби отказ во Лајпциг

Ралф Рангник без конкуренција е најголем лузер во европскиот фудбал годинава, откако Германецот по пропаднатата преселба во Милан остана и без сигурната работа што ја извршуваше со години наназад како директор на Лајпциг.

Германецот повеќе од шест месеци преговараше со Газидис за да се пресели во Милан, каде требаше да добие апсолутна власт бидејќи ќе ја извршуваше тренерската функција, но исто така и функцијата спортски директор на „росонерите“. Токму поради преговорите Газидис – Рангник отказ во Милан доби Хрватот Звонимир Бобан, но ситуацијата се промени во последниот месец, кога по серијата одлични резултати Газидис го откажа договорот за тренер и реши да го задржи Пиоли на клупата.

За ситуацијата да биде уште полоша за Рангник, челниците на Лајпциг се почувствуваа навредени од константните преговори со друг клуб додека се уште е под договор со нив, па решија да ја прекинат соработката. Германските медиуми обелоденија дека Рангник денеска добил отказ иако имал уште една година од договорот, па 62-годишниот стручњак одеднаш останува без работа, наместо да му се исполни „трансферот од соништата“ во Милан.

Се вчитува...