Мачин доби отказ во Севилjа

Елиминацијата од Лигата на Европа скапо го чинеше Пабло Мачин, кој попладнево и официјално беше разрешен од функцијата шеф на стручниот штаб на Севилја. Раководството на клубот не можеше да му прости на Мачин за поразот од Славија Прага, што значеше предвремен крај на европската авантура за повеќекратниот освојувач на Лигата на Европа.

Во ситуација кога клубот играше променливо и во „Ла Лига“, тренерската смена е логичен потег во обид да се влезе во победничка серија и да се обиде да се стигне до место во ЛШ за наредната сезона.

Директорот на клубот, Жоакин Капарос, ќе ја извршува функцијата шеф на стручен штаб до крајот на сезонава, а помошници ќе му бидат Карлос Маркена и Пако Галјардо.

Се вчитува...