Мачин: Го победивме Реал Мадрид, но не треба сега да паѓаме во еуфорија

Каталонскиот тим Џирона успеа да го земе скалпот на Реал Мадрид совладувајќи го со 2-1 на домашен терен. Тоа е уште повеќе ги запали страстите во Каталонија, но тренерот Пабло Манчин вели дека нема еуфорија во самиот тим.

„Прославивме, заслужено го совладавме Реал Мадрид, но немаше шампањско. Не треба да паѓаме во еуфорија, иако ова не можевме ниту да си го замислиме пред три години. Да ми кажеше некој тогаш дека во 2017 година ќе го победиме „кралскиот клуб“, ќе му се изнасмеев“, изјави тренерот на Џирона, Пабло Манчин.

Барселона сега има големи осум бода предност во однос на Реал Мадрид на врвот на табелата во Ла Лига.

Се вчитува...