Мачни сцени: Му скрши нога на противникот, и се расплака на теренот (ВИДЕО)

Денешниот натпревар од Премиер – лигата меѓу Евертон и ВБА ќе остане во сенка на страшната повреда на Џејмс Меккарти. Фудбалерот на Евертон доживеа скршеница на ногата по дуелот со напаѓачот на ВБА, Хозе Рондон. Во 58.минута, тој сакаше со лизгачки старт да го спречи шутот на Рондон, но заработи удар по кој беше сериозно повреден.

Веднаш влета во теренот медицинскиот тим, на Џејмс Меккарти му се укажуваше неопходната помош, а Хозе Рондон се расплака, со оглед дека му нанесе тешка повреда.

Се вчитува...