Мадрид е на нозе – Мбапе пристигна во главниот град на Шпанија

Килијан Мбапе се уште молчи околу одлуката за својата иднина, неговата мајка експресно ги демантираше гласините дека тој ја прифатил понудата за нов договор со ПСЖ, а денеска пристигна нова „бомба“ поврзана со францускиот голгетер, откако тој пристигна во Мадрид, подгревајќи ги шпекулациите за потпис на преддоговор со ПСЖ.

Шпанските медиуми објавија фотографија како Мбапе влегува во еден од најпознатите мадридски ресторани во друштво на соиграчот од ПСЖ, Ашраф Хакими, кој своевремено беше дел од тимот на Реал, но никогаш не доби шанса во составот на „кралевите“.

Дел од медиумите најавуваат дека големиот ас во текот на денот би можел да се сретне со Флорентино Перез, кој е убеден дека целата работа е завршена и ПСЖ нема шанси да го разубеди Мбапе од намерата да се пресели наа „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...